Поднесување на линкови

Откако ќе се регистрираш, ќе може да поднесуваш линкови и да ја зголемуваш својата карма. Само кликни на линкот „Поднеси“ на насловната страница и тоа ќе те однесе тука.

Внеси URL на веб-сајтот заедно со наслов (или кликни на копчето „Предложи“ за насловот автоматски да се вчита од страната до којашто линкуваш) и потоа избери категорија. Можеш да кликнеш или на предложените категории или да внесеш неколку букви за да побараш категорија.

 

Текстуални постови

Доколку всушност не сакаш да линкуваш до надворешен веб-сајт, туку само сакаш да кажеш неколку зборови, можеш да го искористиш  линкот „текст“ во страницата за поднесување. Наместо поле за URL, тука има голем простор за текст каде што можеш да напишеш што сакаш. Тоа е како леплив коментар, доколку си запознаен/а со тој термин. Исто така, не грижи се дали ќе направиш грешка при пишувањето - ќе можеш да го уредуваш овој текст и подоцна, за да ги поправиш грешките.

 

Совети и трикови

Доколку внесеш „http://r.ping.mk“ пред некоја URL, а тој линк сè уште не бил поднесен до ping.mk, ќе добиеш  ping.mk алатник кој те носи директно до страницата за поднесување. Ова е одлична кратенка.

На пример, ако го посетуваш http://xyz.com/foo.html и мислиш дека може да им се допадне на корисниците на ping.mk, само промени го URL-то во http://r.ping.mk/http://xyz.com/foo.html. Можеш и да го изоставиш кое било или пак и двете “http://".

Ако пак, повеќе сакаш да кликаш, пробај ги букмарклетите.

 

Коментирање

Можеш да оставаш коментари за секој линк на ping, и да читаш коментари поставени од други луѓе. Можеш дури и да гласаш за нив! Исто како и линковите, коментарите ќе се качуваат и паѓаат како што луѓето гласаат за нив.

 

Читање

Коментарите на ping.mk се поставуваат во вид на конверзација -- кога одговараш на нечиј коментар, одговорот оди веднаш под коментарот. Можеш да прикриеш цело дрво со коментари кликнувајќи на [-] на првата линија од првичниот коментар.

 

Објавување

При објавувањето на коментар, не си ограничен/а само на обичен текст. Еве една корисна табела која покажува што да се користи при обележувањето:

До оваа табела исто така може да се пристапи преку кое било поле за коментари со кликнување на линкот „помош за форматирање“.

За понапредните синтаксички опции, кликни овде.

Или на оваа популарна статија од корисниците на reddit.com.

 

Како да избегнеш грешки

Во Markdown, ако на почетокот внесеш број со точка после него, се претпоставува дека составувате нумериран список и списокот секогаш започнува со бројот еден. Ако, на пример, напишеш „2009. Каква година“, ќе се појави „1. Каква година“. Можеш да му дадеш команда на Markdown да не го чепка бројот со тоа што ќе внесеш лева коса црта пред точката: "2009\. Каква година“.

Индивидуалните нови редови се игнорираат, па така, ако внесеш:

foo foo foo foo foo foo foo foo foo
bar bar bar bar bar bar bar bar bar

...ќе добиеш:

foo foo foo foo foo foo foo foo foo bar bar bar bar bar bar bar bar bar

Ако сакаш да внесеш нов ред, стави две празни места пред редот. Со други зборови, внеси две празни места на крајот на првиот ред.

 

Пораки

Откако ќе се најавиш, ќе забележиш http://reddit.com/static/mailgray.png покрај твоето корисничко име.

Ако имаш нова пошта, ќе се прикаже http://reddit.com/static/mail.png.

Со кликнување на писмото ќе го отвориш твоето сандаче.

Таму можеш да избереш „состави“ за да ја подговтиш твојата порака.

Избери „испратени“ за да ги видиш сите стари пораки што ги имаш испратено до твоите пријатели.

популарни

последни коментари