Навигација

жешки е стандардното поставување за сортирање, со кое се прикажуваат најгласаните линкови.

 

нови е местото на кое можеш да најдеш најнови поднесени линкови, каде што линковите се временски сортирани.

 

контроверзни е местото каде ќе ги најдеш најконтроверзните поднесени линкови.

 

најпопуларни е список со поднесените линкови до ping.mk кои имаат освоено најмногу гласови.

 

повеќе – се појавува паѓачко мени, доколку си најавен/а.

 

зачувани се сите твои зачувани поднесени линкови (сите на кои имаш кликнато „зачувај“).

 

препорачани е магично место на кое ти се препорачуваат линкови врз основа на твоите гласови.

 

Гласање

На ping.mk твојот глас значи, „ова ми беше интересно“, а не „ова треба да се најде на насловната страница“.

 

Откако ќе се регистрираш, можеш да гласаш за или против кој било линк на ping.mk врз основа на тоа дали ти се допаѓа или не. Доколку на повеќе луѓе некој линк им се допаѓа повеќе отколку што не им се допаѓа, ќе се качува нагоре на страната со жешки линкови и ќе го видат повеќе корисници. По гласањето, скорот на линкот ќе се промени со +1 или -1 во зависност од тоа дали е гласано за или против, соодветно. Без оглед на кармата на поединецот, сите гласови имаат подеднакво влијание врз поените.

 

Како општо правило, треба да гласаш за она што ти се допаѓало (и од што сакаш да видиш повеќе содржини) и да гласаш против она што не ти се допаѓа (и за што не сакаш да гледаш слични содржини во иднина) – во суштина тоа е сè. Заедницата е прилично строга при гласање против линкови со кои бесрамно се крадат линковите од други извори (не вели дека не те предупредивме).

 

Гласање за коментари

Иако генерално истите правила важат за гласањето за коментарите на другите, во бонтонот се наведува дека гласовите „против“ треба да се користат за нерелевантни коментари, а не за идеи со кои не се согласуваш; не плаши се да гласаш за коментар со кој не се согласуваш доколку мислиш дека со тоа се продолжува дискусијата . На тој начин, најинтересните и најрелевантни дискусии ќе се придвижат кон врвот на страницата со коментари.

 

Споделување на линкови

Откако ќе се регистрираш, ќе забележиш таб за споделување на страницата со коментари за секој линк. Со кликнување на табот ќе го повикаш следниот екран кој ќе побара адреса на е-пошта до која сакаш да испратиш линкови и ќе ти овозможи да напишеш порака по избор.

 

Пријавување на линкови

Копчето за пријавување, прикажано на сите линкови и коментари, е начин за Reddit заедницата да испрати повратна информација до модераторите дека нешто е спам или дека на друг начин се кршат правилата - на пример, порнографска содржина е поднесена во група која не е наменета исклучиво за возрасни, или .PDF е поставен во категоријата за видеа. Ако не е очигледна твојата причина за пријавувањето, остави одговор или испрати порака до модераторот со објаснување.

 

За што служи алатникот Ping.mk?

Додека сурфаш на интернет, можеш да понесеш парче од ping.mk со себе, со вклучување на алатникот ping.mk.  Тоа е тенка лента која ќе се појави во горниот дел од она што го читаш и ќе ти овозможи пристап до основната функционалност на ping.mk без да го напушташ тековниот сајт.

 

Како да го вклучам (исклучам)?

Ако сакаш линковите на кои ќе кликнеш на ping.mk да се појават со алатникот, едноставно оди на поставките и селектирај го полето обележано како „прикажи ги линковите со ping.mk алатник“. Во спротивно, деселектирај го тоа поле.

Исто така, ако сакаш само да го погледнеш алатникот, а не сакаш да ги промениш преференците, само посети ја страницата за коментари на поднесениот линк и кликни на „линк за алатникот“. Со тоа ќе се игнорираат твоите стандардни поставки, но само овојпат. 

Совет за напредни корисници: Можеш исто така да дојдеш до алатникот со додавање на „ping.mk“ пред секој URL – на пример „ping.mk/http://eff.org ќе те однесе до eff.org со алатникот. Потсетуваме, ова нема да влијае на твоите веќе дефинирани поставки. 

 

Значи, каква функција имаат сите копчиња?

Од лево кон десно, имаме:

Симпатично лого
Показател на резултатот, заедно со копчиња за гласање или зачувување на поднесениот линк
Копче за вклучување на панелот со коментари
Икона за „линк“ со која се вклучува URL лентата.
Копче со кое се прикажува случајна приказна
Твоето корисничко име (ако кликнеш на него, ќе преминеш на твојата корисничка страница)
Икона „помош“, која те води до оваа страница
Копче „затвори“, со кое привремено се затвора алатникот (за да го исклучиш трајно, прочитај го овој одговор)

Што е панелот со коментари?

Панелот со коментари се појавува кога ќе кликнеш на копчето коментари. Ќе бидат прикажани некои од највисоко оценетите коментари за одредена приказна. За да ги прочиташ сите коментари, кликни на „прикажи ги сите“. За да ги видиш одговорите и други детали за дадениот коментар, кликни на неговиот линк за „контекст“.

 

Исто така има и поставка на дното која може да ја користиш за да контролираш дали панелот со коментари стандардно ќе се прикажува. Поставката е нагодена на „не“ - за да може да испратиш линк од ping.mk алатникот до некој што не го знае веб-сајтот, а тој да не биде збунет од сите тие зборови.

Што е URL-лента?

URL лентата се појавува кога ќе кликнеш на иконата во вид на линк. Во лентата се прикажува URL адресата на страната што во моментот ја разгледувате. Можете да ја уредувате оваа URL адреса или да внесете друга, и таа ќе биде посетена преку алатникот ping.mk 

популарни

последни коментари