Регистрација

 

Креирањето на нова сметка на ping.mk е навистина брзо и едноставно.

Не треба да ни го кажеш твоето име.

Не треба да кликнеш на линк во твојата е-пошта.

Всушност, не треба ни да ни ја кажеш твојата адреса на е-пошта (но доколку ни ја кажеш, можеме да ти помогнеме да си ја повратиш лозинката во случај да ја заборавиш).

Само кликни тука и:

1. Избери корисничко име

2. Избери лозинка

3. Внеси ги бараните букви за потврда

Толку. Откако ќе кликнеш „Поднеси“, твојата сметка веднаш ќе биде креирана и ќе бидеш автоматски најавен/а. Потоа ќе можеш да започнеш да гласаш.

 

 

Твојот профил

 

откако ќе се регистрираш и најавиш, ќе го видиш твоето корисничко име (#) во горниот десен агол на екранот (твојата карма е означена со #).

Кликни на твоето корисничко име или на кое било друго корисничко име и ќе дојдеш до страницата од профилот на тоа име. Заедно со некои лични статистики, ќе најдеш и табови за следните делови:

  • Преглед – преглед на коментарите и поднесените линкови на корисниците
  • Коментари – историја на коментари на корисниците
  • Поднесени – сите линкови поднесени од корисникот

Следните делови нема да бидат видливи за останатите корисници освен ако си одлучил/а да ги направиш јавни во твојот дел за поставки:

  • Гласови за – сите линкови за кои некој корисник гласал позитивно
  • Гласови против – сите линкови за кои некој корисник гласал негативно
  • Скриени – сите линкови кои што корисникот ги сокрил (тука може и да ги откриете веб-сајтовите).

 

Спријателување

 

Иако со користењето на ping.mk не се гарантира остварување пријателства во реалниот живот, можеш да ги идентификуваш „пријателите“ чиишто поднесени содржини сакаш да ги следиш.

Откако ќе ги означиш како пријатели, нивните кориснички имиња ќе бидат истакнати и збирка од сите поднесени содржини на твоите пријатели ќе може да се погледне на http://r.ping.mk/r/пријатели

За да означиш некого како „пријател“, ќе треба само да кликнеш на неговото корисничко име за да го погледнеш неговиот профил. На десната странична лента, ќе најдеш листа со линкови, меѓу кои и „додади во пријатели“. Ако тој/таа веќе е твој пријател, во тој случај ќе видиш линк „отстрани од пријатели“.

Повели, спријателувај се.

популарни

последни коментари