Работи што не треба да ги правиш:

  • Да бараш гласови во насловот на поднесениот линк. („Гласај за овој линк за да дознаат сите!“).
  • Да спроведуваш анкети користејќи го насловот на поднесениот линк. Наместо „Гласај ЗА ако сте маж, гласај против ако сте жена“, кажи „Дали си маж или жена? (гласај во коментарите)“ и потоа објави два коментари „Гласај за ова ако сте (маж/жена)“.
  • Да испраќаш пораки, твитови, или инстант пораки со кои бараш од луѓето да гласаат за твојот поднесен линк, или да потврдуваш кога луѓето те прашуваат. Линкот треба да добие поени затоа што е добар, а не затоа што поднесувачот припаѓа на гласачка група.
  • Да гласаш масовно против објавените содржини на некој друг. Доколку тоа е навистина содржина која ти пречи (а не личност), секако дека можеш да гласаш против кога ќе наидеш на таква содржина. Но немој да бараш содржини поставени од „непријатели“.
  • Да гласаш против мислења само поради тоа што не се сложуваш со истите. Стрелката надолу служи за коментари кои не додаваат ништо на дискусијата.
  • Да ги соопштуваш твоите гласања. Коментарите од типот на „глуп линк“ или „хехе, гласав ЗА“ не се којзнае колку информативни. Едноставно кликај на стрелките.
  • Да праќаш линкови од други места (блог постови) до истата сторија, затоа што така не се додава ништо ново.
  • Да објавуваш лажни вести. Ако snopes.com веќе прогласил нешто за лажно, најверојатно не треба да го поднесуваш на Reddit.
  • Да поставуваш многу стории во мал временски период. На тој начин монополизираш ресурс кој всушност треба да се споделува – колоната со нови содржини.
  • Да се жалиш за тоа што има премногу стории за некоја тема.
  • Да се жалиш дека некоја сторија е стара. Reddit служи и за интересни, а не само за нови работи. Едноставно скриј ја приказната.
  • Да модерираш некоја сторија врз основа на твоето мислење за нејзиниот извор. Битен е квалитетот на содржината, а не нејзината локација.
  • Да се жалиш кога некоја сторија дупликат ќе биде поуспешна отколку првобитната. Во ред е да поставиш линк до првобитната сторија, бидејќи претходните коментари може да бидат од интерес
  • Да ги пишуваш насловите со само големи букви.
  • Да ги уредуваш насловите или да внесуваш премногу сензационалност.
  • Да линкуваш со tinyurl или некој сличен сервис. Има малку причини да го криеш тоа до што линкуваш, а повеќето се измамнички.

Работи што треба да ги правиш:

  • Насловите на поднесените линкови нека бидат вистинити и без твое мислење. Доколку темата е шокантна, искажи ја својата шокираност во делот за коментари.
  • Да модерираш врз основа на квалитет, а не мислење. Добро напишаната и интересна содржина вреди, дури и доколку не се согласуваш со неа.
  • Да го бараш оригиналниот извор на содржината, и да го поднесеш токму тој линк. Често, на некој блог се спомнува друг блог од кој е преземена содржината, на кој се спомнува друг, и така натаму при што сите го наведуваат изворот при тој процес. Пребарајте низ тие содржини и поднесете линк до авторот на содржината, кој всушност ја заслужува посетеноста.
  • Да поставуваш линкови во најсоодветната група. Доколку поднесуваш напис за американската политика, на пример, тој прилега повеќе во /r/политика отколку во /r/ping.mk.
  • Да провериш дали истата сторија веќе ја има, пред да поставиш нешто. Така, некогаш поради лошиот тајминг, лошиот наслов, или едноставно поради немањето среќа, некоја интересна сторија може да не биде забележана. Можеш слободно да поставиш нешто повторно доколку мислиш дека претходниот пост не го добил заслуженото внимание и доколку мислиш дека овој пат подобро ќе помине.
  • Да го поставиш видот на фајлот на крајот на насловот доколку се работи за нешто друго освен html или текст, како на пример [pdf] или [video].
  • Да линкуваш до директна верзија на фајлот кога страницата на која бил најден не додава ништо вредно.
  • Да линкуваш до постојани веб-локации секогаш кога тоа е можно, а не до привремени страници кои може да исчезнат. Конкретно, користи го „пермалинкот“ од блог записите, а не индекс страницата на блогот.
  • Да критикуваш конструктивно / дадете објаснување кога гласате против нешто. Но само ако навистина мислиш дека со тоа би му се помогнало на објавувачот да се подобри.
  • Да пријавиш спам.
  • Да ја прочиташ новата страница и да гласаш за неа. Гледај на тоа како на јавна услуга.
  • Да прочиташ статија пред да гласаш за неа (а не да гласаш само поради насловот).
  • Слободно да поставуваш линкови до твоите содржини (во разумни граници). Ако поставуваш исклучиво Ваши содржини и се чини дека секогаш добиваат негативни гласови, добро погледнете во огледалото – можеби токму ти си спамер.

популарни

последни коментари