Угостителите бараат ДДВ за храната да се намали на 5 проценти

hotelieri.jpg

Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната во хотелите и во рестораните, стимулации во угостителството и во хотелиерството, иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Придонесите ги излудеа хонорарците

16081013995_3d829c44cc_k.jpg

Од почетокот на годината до сега не е завршен ниту еден циклус на наплата на придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Со најновите измени на законите се воведоа повеќе проблеми отколку решенија.

Товарот врз невработените

pari-janevska-ilieva.jpg

Најавените измени на Законот за хонорарци ги дискриминираат невработените во однос на вработените, бидејќи на тој начин нема да ги стимулираат фирмите да ги платат придонесите, туку товарот пак ќе остане на хонорарците што не се во работен однос, сметаат граѓаните и активистите на здруженијата.

Теоријата за втората најдобра опција

0416456D1FFD8142810559256BD483C7.jpg

Теоријата за втората најдобра опција (second best) е предложена од страна на економистите Ричард Липси и Келвин Ланкастер во нивниот труд од 1956 година. Според неа, кога постојат повеќе економски проблеми, отстранувањето на еден проблем може да води до полош исход.

Не за плаќање на придонеси за хонорари! Не за дискриминација

protiv-zakonot-za-pridonsi-na-chonorari-e1418996241510-600x300.jpg

Цивил – Центар за слобода во целост го поддржува и учествува во организацијата на протестот против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите, кој ќе се одржи на 22 декември (понеделник), со почеток во 12:00 часот. В сабота, на 20 декември, во паркот „Жена борец“ ќе се одржи отворен состанок на кој граѓаните ќе можат дополнително да се информираат за законските измени, последиците од нив и потребата од гласен приговор.

Одбележување на Светскиот ден за борба со корупцијата

jpg.

Градоначалници на општини во Македонија денеска ќе потпишат антикорупциски политики на одбележувањето на Светскиот ден за борба со корупцијата, што денеска го организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

И вработените ќе станат хонорарци

A9E3C1FF-7250-4575-8B4A-1909247E486F_w640_r1_s_cx0_cy15_cw0.jpg

И вработените ќе станат хонорарци Кога давачките се исти, тогаш зошто воопшто би вработувале луѓе, да им даваме годишен одмор, боледување или К-15, кога можеме да ги држиме како хонорарци, вели претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис.

Двојни аршини за хонорарците

00B9F5E809E9B54793F9740E86D2D78E.jpg

Многу хонорарци се во недоумица дали да го продолжат досегашниот ангажман или да го прекинат, бидејќи од наредната година ќе треба сами да ги плаќаат придонесите за пензиско и за здравствено осигурување. Тоа би значело дека, на пример, од просечен хонорар од 10.000 денари ќе треба да се издвојат неколку илјади за придонеси. Сумата што ќе остане, е далеку од доволна за живејачка.

Македонските работници - обесправени и заборавени

fabrika rabotnici andrej ginovski.jpg

Правата на македонските работници во законите се намалуваат, а во реалноста се кршат. Сето тоа се случува пред очите на Државниот инспекторат за труд кој избира да молчи или да одговара со статистики и празни бројки

Добивка или загуба за граѓаните? Променет е моделот на раст на пензии и социјална помош!

penzioneri-564x272.jpg

Владата целосно го промени моделот по кој се пресметува зголемување на пензиите и на социјалната помош. Наместо раст според трошоци на живот и пораст на платите, пензиите и социјалната помош Владата ги зголемува линерно за 5%. Дали на овој начин корисниците имаат добивка или загуба?

Нашите 99 проценти

EDAEAE0C-0C75-48F4-A2A2-77DEB9F0DB34_w640_s.jpg

Најбогатите 1 отсто Македонци заработуваат 12 отсто од вкупниот национален доход. Тоа е трето највисоко ниво во Европа, по Обединетото Кралство и Германија. Доходот на овие 1 процент пораснал скоро тројно помеѓу 2005 и 2010, за разлика од доходот на останатите 99 проценти од населението, кој пораснал само 11 отсто.

Хонорарците ем невработени ем обесправени

Придонеси за хонорари - дел од инфографик од Горан Ризаов

Од први јануари, на сметка на државата ќе одат најмалку 35 проценти од секој хонорар по договор на дело или авторски договор, освен ако не сте врвен спортист, државен функционер или судија

популарни

последни коментари